Петти повик за барања за ИПАРД-средства

Bez autora
Sep 26 2011

Во втората половина на идниот месец ќе се објави петтиот Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД-Програма за периодот 2007-2013). Финансиските средства од овој повик се наменети за следните мерки: Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, и Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности. Платежната агенција врз основа на објавените три јавни повици за користење на средства од ИПАРД-Програмата досега склучи 103 договори со вкупна вредност на прифатливи инвестиции од над 12 милиони евра, односно очекуван вкупен износ за кофинансирање од над 6 милиони евра. Исто така, во тек е исплатата на средства за корисниците кои успешно ги реализираа своите инвестиции согласно склучените договори за користење на средства од ИПАРД-Програмата.

Петти повик за барања за ИПАРД-средстваВо втората половина на идниот месец ќе се објави петтиот Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД-Програма за периодот 2007-2013).

Како што соопшти Владата и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиските средства од овој повик се наменети за следните мерки: Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, и Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Платежната агенција врз основа на објавените три јавни повици за користење на средства од ИПАРД-Програмата досега склучи 103 договори со вкупна вредност на прифатливи инвестиции од над 12 милиони евра, односно очекуван вкупен износ за кофинансирање од над 6 милиони евра. Исто така, во тек е исплатата на средства за корисниците кои успешно ги реализираа своите инвестиции согласно склучените договори за користење на средства од ИПАРД-Програмата.

На четвртиот јавен повик за користење на средства од ИПАРД-Програмата пристигнаа 60 барања, од кои 30 барања се за мерката 101, 11 барања за мерката 103 и 19 барања за мерката 302, а обработката на пристигнатите барања е во тек.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik